Ендодонтскиот третман го опфаќа третманот на коренскиот канал на
забите, со многу висок степен на успех. Вклучува отстранување на
заболеното ткиво, запирање на инфекцијата и реставрирање на
здравиот дел од забот. За време на третманот на коренскиот канал, се
отстранува пулпата од внатрешноста на коренот, се чисти,
дезинфицира и обликува коренскиот канал, по што се полни и
запечатува каналниот простор.