• slider-image
  • slider-image
  • slider-image
images

За нас

Од основање во Април, 1993 година, Стоматолошкиот Центар Ласовски обезбедува професионална стоматолошка услуга, со посветеност кон совршеноста. Се грижиме за секој пациент внимателно, со акцент на Вашиот комфорт, време и потреби, а нашата главна цел е надминување на Вашите очекувања.

Го вложуваме цело наше знаење, науморна едукација, работна етика, страст, постојана напорна работа и решителност да ги оствариме сите ваши барања.

““Сите наши соништа може да се исполнат, ако имаме храброст да ги следиме” - Walt Disney

healing
10000
Интервенции
3000
Задоволни клиенти
healing
26
Години работа
healing
2
Доктори

Нашиот тим

image

Др. Беби Ласовски

Дипломирајќи во 1989 година, повеќе од 30 години, се посветува кон градењето и одржувањето на стоматолошката дејност, со акцент на реставративната, реконструктивната и козметичката стоматологија. Основач е на Стоматолошкиот Центар Ласовски, кој започнува со работа од Април 1993 година. Од тогаш активно го збогатува своето знаење со учества во многу стоматолошки едукации во Македонија и надвор од неа. Од 2010-2018 година е член на Стоматолошката Комора на Македонија. Посветеноста кон обезбедување на сеопфатна дентална грижа е очигледна во све што прави, овозможувајќи им на пациентите да го постигнат и одржат посакуваното орално здравје.

image

Др. Христијан Ласовски

Дипломира во 2017 година, и од тогаш станува “новото” лице на Стоматолошкиот Центар Ласовски. За време на студентските денови, учествува на 3 интернационални студетски конгреси по Дентална Медицина. Два од нив се во Љубљана, Словенија и Ријека, Хрватска. Во 2016 година, зазема активно учество на 23тиот Интернационален Студентски конгрес во Охрид, Македонија, освојувајќи ја првата награда за усна презентација. Во 2018 година почнува да работи и да го збогатува знаењето, а до сега се стекнал со сертификати од областа на третирањето на гингивални рецесии и дентални импланти.

Контактирајте нé