Во некои случаи кога акутната пародонтална болест не реагира на
конвенционалниот третман и домашната грижа, можна е потребата од
специјален третман, кој вклучува ултрасонично чистење на
субгингивалните забни конкременти.
Процедурата започнува со
локална апликација на анестетик, за да се намали секој можен
дискомфорт. Потоа со ултрасоничниот инструмент се отстрануваат
сите конкременти и плакот од под непцето. Потоа се преминува кон
коренската површина која се мазни, за да се обезбеди нормално
припојување на гингивата кон површината на коренот.