Коронките се вид на протетска изработка која комплетно го опфаќа
забот или денталниот имплант. Се користат да ја вратат изгубената
функцијата на забот, обликот и големината, цврстината и да го
подобрат изгледот. Исто така се користат за да се прикачат мостови,
покријат импланти, и да се превенираат подскршените заби од нивно
влошување.
Мостовите се протетски реставрации кои имаат природен изглед и
заменуваат поголем дефект на заби кои недостасуваат. Тие се
индивидуално изработени, неприметливи и ја реставрираат
природната форма на забите и го рехабилитираат правилниот загриз и
мастикација помеѓу горните и долните заби.